Фифи одлучи: Ќе прави операција за промена на полот

Филип Фифи Јаневски кој се натпреваруваше на музичкото шоу Икс-Фактор, реши да си го промени полот и да стане жена.

Иако се облекува како жена и се шминка, Фифи реши да оди чекот понапред и да земе хормонска терапија, а веќе и бара клиника на која ќе може да направи операција со која целосно ќе се претвори во жена. 

- Барам Клиника која ќе ми помогне да станам жена. Потоа, ќе најдам човек со кој ќе основам семесјтво, вели Фифи.

Фифи како што пренесува српскиот Курир, цврсто решила во наредниве две години да си го промени полот и нема да се откаже од намерата. - Во Македонија нема доктори кои прават ваква операција, но во Србија има. Затоа и барам Клиника со која ќе си го сменам животот, вели Фифи.

Ако успее да заштеди 50.000 долари, Фифи ќе се оперира во Њујорк.

18.03.2014 - 13:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега