Фатен битолчанец кој си продавал петарди

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против 35-годишниот О.А. за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Според податоците од полицијата, од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени 1.515 парчиња различни петарди. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот во текот на месец декември 2013 година за паричен надомест од 1.000 денари во Скопје од непознато лице на Бит Пазар набавил поголема количина на пиротехнички средства - петарди кои истите потоа ги нудел на продажба на лица од Битола. 

18.03.2014 - 12:45
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега