The Economist: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе продолжи со реформите

Влијателниот лондонски весник Економист предвидува победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори и заклучува дека успешните политiки ќе продoлжат, пренесува Курир

Во својата анализа за состојбите во Македонија, влијателниот британски весник „Економист“ објавува дека и по овие избори во Македонија нема да дојде до промена на политичката сцена. Во воведот на анализата се вели дека владеjачката коалиција на ВМРО ДПМНЕ останува популарна и се очекува сигурно да остане на власт.

-Владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ останува релативно популарна и се очекува да остане на власт, пишува угледниот весник, кој заклучува дека ВМРО-ДПМНЕ е силен, а СДСМ слаб, а идната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ со една од албанските парти.

Во однос на другите прашања, Економист коментира дека долгогодишниот спор за името и односите со Бугарија остануваат главни предуслови за земјата да стане дел од НАТО и ЕУ, додека меѓуетничките односи остануваат проблематични.

-По позитивниот раст во 2013 година ќе дојде до уште посилен раст во периодот од 2014 до 2018 година. Направените реформи треба да овозможат посилен раст на директни странски инвестиции, се вели во анализата на влијателниот британски весник.

18.03.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега