ВИДЕО: Норвешкиот затвор рај за секој убиец, силувач или крадец

 

Живеат во куќи на плажа, по цел ден се на свеж воздух, имаат тениски терени, сауни, а ако сакаат, можат да вртат со хулахоп. И сето тоа во норвешките затвори за најозлогласените криминалци! Не знаеме што за сето ова мислам Норвежаните, но властите се горди на ова. По сите превоспитни, 10% од криминалците го повторуваат кривичното дело.

Возењето велосипед, скок во море, уживање со племенити животни, или едноставно излежување на сонце со месечен џепарац. Не ова не е примамлива понуда на туристичките агенции, туку просечен ден за еден норшвеки криминалец.  

Имено затворот Бастој е сон за секој убиец, силувач или арамија. 

„Кога ќе го прифатиш фактот дека мораш да служиш казна тоа е доста убав затвор. Можеш да бидеш надвор во природа кога ќе ти се посака. Тоа е затвор, но јас сум среќен овде“, вели затвореникот Мартин Рорен. 

 

На островот нема решетки ниту заклучени врати. 

„Хуманоста е клучот. Им даваме шанса да се пронајдат, развијат, самозапознаат, промената на начинот на живот“, ја објасни својата филозофија директорот на затворот Арн Кверниек Нилсен. 

 

18.03.2014 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега