ВИДЕО: Авионот почнал да се распаѓа за време на летот

 

Неверојатна среќа имале 185-те патници и членови на екипажот на авионот 757 од компанијата Делта кој вчера во вечерните часови беше приселен да слета поради технички проблеми. Проблемите настанале кога за време на летот 2412 од Орландо кон Атланта во САД една од плочите почнала да се одлепува од крилото. Патниците се шокирале, а еден од нив фатил да ја слика настанатата штета и ја поставил на Твитер со напомена: „Можете ли да замислите како се чувствувам во овој момент гледајќи го ова?!“.

Пилотот веднаш воспоставил врска со контролата на летот и договорил присилно слетување. Тоа било успешно изведено и сите патници се живи и здрави.

 

И покрај тоа што плочата од крилото се одвоила, правејќи дупка, сепак тоа не претставувала никаква опасност за безбедноста на авионот“, вели портпаролот на авиокомпанијата Ентони Блек. 

 

18.03.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега