ФОТО: 32 години како е во кома поради грешка на анестезиолог

Познатиот француски фудбалер Жан Пјер Адамс кој имаше одлична кариера, во кома е цели 32 години поради грешка на анестезиолог при рутинска операција.

Жан за време на натпреавр  си го повредил коленото и морал да отпатува во Лион за операција која требало да биде рутинска. Анестезиологот, кој тој ден бил на осум операции, погрешил и работите тргнале на лошо.

Фудбалерот паднал во кома и откако инфекцијата се проширила на коските, му била извршена уште една операција.

Откако поминале десет месеци  од болницата рекле дека повеќе не можат да се грижат за Адамс, по што неговата сопруга Бернадет изградила дом кој што го нарекла „Куќата на убавиот заспан спортист“, во кој последниве 32 години се грижи за својот сопруг.

18.03.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега