Уапсен најбараниот нарко-бос Дарко Шариќ
Како што пренесуваат српските медиуми, утрината беше уапсен еден од најбараните балкански нарко босови, Дарко Шариќ. Според пишувањата Шариќ се криел во земјите од Јужна Америка каде бил и фатен. По неговото фаќање, тој веднаш бил префрлен во Црна Гора каде е и официјално уапсен.
Името на Дарко Шариќ првпат се појави во јавноста пред пет години, кога уругвајската полиција на пристаништето Сантјаго Васкец пронајде 2,8 тони кокаин во јахтата Мауи, која пловела со британско знаме.
Во Србија се уапсени и обвинети голем дел негови соработници, кои се обвинети за шверц на дрога и за перење пари од трговијата со дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа