Им ги хакнал компјутерите и ги уценувал со голите слики - американски студент по информатика ќе лежи робија

Осумнаесет месеци робија доби осумнаесетгодишен студент по информатика во САД само затоа што успеал да влезе во компјутерите на млади жени, меѓу кои и на поранешната Мис Тин на САД и да ги превземе нивните разголеми фотографии, со кои потоа ги уценувал.

Деветнаесетгодишниот Џерд Џејмс Ејбрахамс од Калифорнија во ноември се прогласи за виновен по три обвиненија за изнудување и едно за недозволен пристап до компјутер.

Ејбрахамс упаѓал во компјутерите на неколку млади жени, меѓу кои Касиди Улф, која беше избрана во август 2013 за најубава тинејџерка на САД. Тој ги контролирал веб камерите во компјутерите и тајно ги снимал жените.

18.03.2014 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега