При одрон во рудник се заглавија 57 рудари

 Најмалку 57 рудари останале затрупани под земја, при одрон во рудник за јаглен во западниот дел на Сибир, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

- Во рудникот Красногорскаја во градот Прокопјевск, во Кемеровската област, дојде до уривање на карпа. Според непотврдени информации, во рудникот се наоѓале 57 луѓе, а во непосредната зона на уривање биле 17 лица, се наведува во соопштението на Министерството.

17.03.2014 - 20:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега