Горбачов: Народот на Крим ја поправи грешката од времето на Советскиот Сојуз

Некогашниот претседател на СССР, Михаил Горбачов го поздрави резултатот од реферндумот на Крим, кој според него, е во согласност со стремежите на кримското население, критикувајќи го Западот поради заканите со санкции кон Русија.

- Ако едно време Крим беше присоединет кон Украина по советските, односно партиските закони, без да се праша народот, сега самиот народ одлучи да ја поправи оваа грешка. Тоа треба да се поздрави, а не да се воведуваат санкции, истакна Горбачов.

Крим и беше подарен на Украина од советскиот лидер Никита Хрушчов во 1954 година.

- За воведување санкции треба да има многу сериозни основи и треба да бидат поддржани од ОН. Изразената волја на народот на Крим, како и неговото можно присоединување кон Русија не претставува таква основа, нагласи Горбачов.

17.03.2014 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега