Продолжува судењето за масакрот кај Смилковци
Продолжува судењето за случајот "Монструм". Според најавите, денеска исказ пред судот треба да даде затвореник кој тврди дека знае чив е автомобилот "Опел Омега" кој беше пронајден на патот кон Косово. Според него, објавуваат македонските медиуми, ова возило им припаѓа на полициските Алфи.
Исто така, на денешното судење треба да сведочат и роднините и пријателите на првообвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои сеуште се во Косово.