Фризерката Благица осум ипол години ќе лежи во затворска ќелија

Фризерката Благица Дончевска која беше обвинета за измама на над 40 лица денеска во Основниот суд Скопје 1 беше осудена на осум и пол годишна затворска казна. 

Нејзиниот татко, Ацо Вељановски, на чија трансакциска сметка биле уплаќани парите од измамата доби четири и пол години затвор.

Освен што ќе ја одлежат казната, обвинетите ќе треба да вратат околу 45 милиони денари на оштетените.

 

Поранешна фризерка од Скопје од декември 2011 лажно претставувала проект за доделување станови за посебни групи на лица во Скопје за цена од 400 евра за метар квадратен, а некогаш и поевтино. Меѓу измамените има и бројни јавни личности

17.03.2014 - 19:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега