И утре ќе уживаме во топлото и сончево време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до четир и дневна до 22 степени.

Следува период на претежно сончево и топло време. Умерен северен ветер и благ пад на температурата се очекува во четврток и ќе се движи во интервалот од 16 до 21 степен.

17.03.2014 - 17:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега