Руски вицепреимер се пошегува на сметка на Обама поради санкциите од САД
Санкциите кои САД ги воведоа кон премиерот на Крим, Сергеј Аксонов и претседателот на Врховниот совет, Владимир Константинов нема да влијаат врз процесот на присоединување на Крим кон Русија, изјави вицепремиерот на кримската Влада, Рустам Темиргалиев.
- Овие санкции воопшто нема да се одразат врз работата на Аксонов и Константинов, а исто така и врз процесот на стапување на Крим во составот на Русија, истакна Темиргалиев.
Тој изрази зачуденост поради воведувањето санкции „против републичките лидери кои ја имаат поддршката на 97 отсто од населението на полуостровот“.
На вчерашниот референдум за присоединување на Крим кон Русија гласале 96,77 проценти од гласачите во украинската автономна република.
Темиргалиев нагласи дека Аксионов и Константинов немаат имот на територијата на САД и дека тие се „обични граѓани на Крим“.
Санкциите се воведени како одговор на постапките во врска со украинската криза, а на лицата од „црната листа“ ќе им биде забранет влез во САД, додека нивните сметки и имот ќе бидат блокирани.
Во исот време, рускиот вицепремиер, задолжен за прашања од воената индустрија, Дмитриј Рогозин денеска иронично реагираше на ставањето на неговото име на листата руски функционери, кои имаат санкции од САД.
- Другар Обама, а што да им се направи на оние кои немаат ниту сметки, ниту имот во странство? Или за тоа не сте размислувале, напиша Рогозин на социјалната мрежа Твитер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа