Професии кои можат да го загрозат бракот
Сосема спротивно на очекувањата, прекувременото работење и работењето преку викенд немаат големо влијание на разводот, а ризикот го зголемуваат состаноците и службените патувања кои подразбираат запознавање нови луѓе.
Припадниците на одредени професии се поподложни на раскинување на бракот одколку други, се покажа во истражувањето на британската агенција “Relations and Performans”.
Како што е утврдено со ова истражување, во најризичната група спаѓаат: танчери, кореографи и шанкери, чија веројатност да се разведат е дури 40%.
Потоа следуваат болничари и медицински техничари, уметници и спортисти чија веројатност да се разведат е 30%, а најмалку загрозени се инжињерите, за кои ризикот е само 2%.
Хамид Адини, директор на агенцијата која го спровела истражувањето, додава дека политичарите, новинарите и директорите често се разведуваат и потсетува на аферите со премиери и министри кои се почесто ги полнат весниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа