Македонски државјанин загина на патот Ниш-Белград
Македонски државјанин го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Белград - Ниш, во близината на селото Милошево, општина Јагодина.
25 годишниот возач на патничкото возило со македонски таблички С.Р. ја загубил контролата врз автомобилот на правецот кон Белград и излетал од патот. Во сообраќајната незгода животот го загубил еден од патниците, додека две лица се повредени. Возачот е приведен и против него е поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во сообраќајот. Повредените лица се згрижени во болницата во Јагодина.
Извор: Телма