Полицаец се качил на дрво за да спаси маче па и сам се заглавил

Полицаец од Њујорк чијшто идентитет не е познат се качил на дрво за да спаси маче, но и самиот си создал неволја кога се заглавил.

Додека сакал да му помогне на мачето кое не можело да се симне од дрвото, полицаецот и сам се заглавил на височина од околу 9 метри.

Тој веднаш се јавил на противпожарната служба, па пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот ги симнале и полицаецот и мачето од дрвото каде биле заглавени.

Инаку, дрвото се наоѓало во близина на основно училиште, па безброј деца го гледале спасувањето на мачето иполицаецот, што секако им било малку комично.

најчитано сега