На вчерашните избори Српската напредна партија освои 158 места во собранието
Српската напредна партија (СНС) на актуелниот прв вице-премиер Александар Вучиќ освои 158 пратенички места во 250-членото Народно собрание на Србија, соопшти денеска српската Републичка изборна комисија (РИК) врз основа на пребреоени 99,08 отсто гласачки ливчиња од вчерашните предвремени парламентарни избори.
На второ место е коалицијата на Социјалистичката партија на Србија (СПС) на премиерот Ивица Дачиќ со освоени 44 мандати, пред Демократската партија (ДС) на Драган Ѓилас со 19 и блокот на Новата демократска партија (НДС) на поранешниот српски претседарел Борис Тадиќ со 18 пратеници.
Покрај овие четити листи, места во Парламентот освоија и три партии на малцинставта - Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ) - шест, бошњачката Партија за демократска акција на Санџак (СДАС) - три и албанската Партија за демократско дејствување (ПДД) - два мандати.
РИК информира и дека материјалите од гласањето во Косово се уште се обработуваат, но дека не се очекува тие битно да влијаат на вкупните резултати.
Конечните резултати од вчерашните избори треба да бидат објавени најдоцна до четврток во 20 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа