Некогаш работел на бензинска а денес е милионер со помош на Фејсбук

 

21-годишниот Бен Кардвел од Нов Зеланд работел на бензиска пумпа но бидејќи не му се дошаѓала работата почнал да размислува што да направи за да заработи повеќе пари.

Благодарение на една добра идеја животот целосно му се променил.

Бен почнал со продажба на облека и елктроника прeку интернет сaјтот „ТradeMe“. Но, бидејќи продажбата му одела слабо, тој решил да отвори своја страница на „Фејсбук“ нарекувајќи ја „Deal Man“ и само за една ноќ продал стока во вредност од 800 долари.

За многу краток рок „Deal Man“ добила 100.000 фанови, а со тоа се зголемила и продажбата на Кардвел и нормално и неговите приходи.

Кога „Фејсбук“ ги промени правилата за огласување и почна да ги наплаќа огласите, Кардвел мораше да плаќа за својата страница, но тоа му донесе дополнителен број фанови и приходи.

Денес „Deal Man“ има над 200.000 фанови, а на крајот на декември 2013 година заработката на Кардвел од продажбата преку оваа страница достигна 1,1 милион долари.

17.03.2014 - 14:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега