За секој фатен глушец студентите ќе добијат бесплатно пиво
За секој фатен глушец кој ќе го донесат безразлика дали жив или мртов студентите на Нов Зеланд ќе добијат бесплатно пиво.
Бизнисменот, Гарет Морган, кој претходно бил сопственик на компанија за заштита на птици од мачки, сега е на чело на проектот „Beer for Rats“.
Toj заедно со Универзитетот Викторија во Велингтон почна кампања за да ги поттикне студентите да се вклучат во борбата против големиот број глувци.
Повици добил и од другите универзитет подготвени да ја прифатат понудата.
- Има многу заинтересирани за овој проект. Интерес имаат и луѓето од другите градови кои дури доаѓаат кај нас и не повикуваат да одиме во нивните места, изјави Морган и додаде дека на оваа идеја му текнало кога си го поставил прашањето што сакаат студентите? а одговорот бил пиво.
"Одлучив дека е добра идеа да им се даде стапици за глувци и се наградат со пиво за секое фатено глувче", вели Морган.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа