Жените можат да доживеат два типа на оргазам
Речиси еден век различни доктори и специјалисти сугерираа во своите медицински трудови дека жените можат да доживеат два вида оргазам - клиторичен и вагинален.
Причините поради кои тие се разликуваат предизвикаа безброј дебати во изминативе години.
За да стават крај на оваа дебата, француските гинеколози Одли Бузон и Емануел Ајанини користеле сонографски уреди за да ја измерат промената на протокот на крвта во текот на надворешните и внатрешни стимулации.
Експертите дошле до сознание дека надворешната клиторична стимулација не го вклучува внатрешниот корен на клиторисот, но вагиналната стимулација ги вклучува двете страни.
На оваа основа, тие заклучиле дека теоријата за двата типа на оргазмите може да биде вистинита.
Во текот на тестот, три жени биле споени со сонографски машини кои ги визуелизирале движењата со комплексен клиторо-уретро-вагинален систем на клиторични нерви во текот на двете стимулации.
Во оваа прилика им бил измерен протокот на крвта во целата регија со користење на импулси познати како Доплер сигнали.
"Снимките покажаа дека постои разлика помеѓу надворешната стимулација и вагиналната пенетрација, каде едната е независна, а втората го вклучува целиот клитороуретровагинален систем. Ова покажува дека постојат функционални разлики кои зависат од типот на стимулацијата", објаснуваат специјалистите.
Извор: За Забава
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа