Руската рубља прогласена за официјална валута во Крим
Во декрет на кримскиот парламент се наведува дека истовремена употреба на две официјални валути - рубља и гривна, во Крим ќе биде на сила до 1 јануари 2016 година, се навдува во декрет на кримскиот парламент.
Како официјална парична единица на Република Крим се смета руската рубља, а до 1 јануари 2016 година официјална валута ќе биде и украинската гривна, објави парламентот на својата веб страница.
Според декретот до донесувањето на нормативно-правните акти на Република Крим во сферата на буџетското и даночно законодавство на територијата на Автономна Република Крим ќе важат одредбите од буџетскиот и даночниот кодекс на Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа