Врховниот совет на Крим прогласи независност

На денешната вонредна седница Врховниот совет на Крим усвои резолуција за независност и се обрати до Русија за „прием на Република Крим во состав на Руската Федерација“.

Собранието на Крим, се обрати до ОН и до сите држави во светот да ја признаат независноста. За предлогот гласаа 85 пратеници од кримското Собрание.

На Крим вчера беше одржан референдум за статусот на кој 97,7 отсто избирачи гласаа за обединување со Русија.

17.03.2014 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега