ФОТО: Внимавајте - вака изгледаат фалсификуваните 500 денарки

 

По пријавата дека непознато лице пуштило во оптек фалсификувана банкнота од 500 денари, полицијата во Свети Николе вчера почнала потрага. По преземените мерки пронајдени била лицата Х.В.(20) и Н.В.(19) и двајцата од Свети Николе.

Кај Х.В. биле пронајдени четири фалсификувани банкноти од 500 денари и осум фалсификувани банкноти од 100 денари.  Претресен е и неговиот дом, каде се најдени две фалсификувани банкноти од 500 денари, една  од 100 денари, принтер со скенер и копир во кој стоела оргиналната банкнота од 100 денари.

По целосно расчистување на случајот против Х.В. и Н.В.  ќе следува соодветен поднесок, пишува Економски лидер

17.03.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега