Маж ограбувал за време на погреби

 

Кипарската полиција го уапсила 48-годишниот грчки Кипранец кој е осомничен дека ги извршил серијата кражби во домови на ужалени семејства во моментите на погребите.

Крадецот бил уапсен во Никозија, откако локалните жители пријавиле дека во нивната населба забележале маж кој чудно се однесува.

Полицијата го пронашла во близина на куќа чиишто сопственици биле на погреб на роднина, а со себе носел торба во која е пронајден алат за провалување. Отисоците од неговите прсти го поврзуваат со уште најмалку пет слични грабежи во Никозија, соопштила полицијата.

Полицијата се сомнева дека тој ги следел некролозите во весниците и потоа „оперирал" додека семејствата биле на погреб.

17.03.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега