Нови детали за исчезнатиот малезиски авион- скриена бомба во чевелот на пилотот?

Некогашниот припадник на Ал Каеда, Саид Бадат тврди дека успеал да воспостави контакт со малезиски џихадисти од кој едниот бил пилот. Тој тврди дека тие се сретнале во Авганистан каде тој лично им врачил чевла во која се наоѓала бомба.  

Бадат пред судот во Њујорк изјави дека пет или шест момчиња од Малезија направиле план авионот да биде киднапиран така што во пилотската кабина ќе постават детонација на бомба, која ќе биде скриена во чевелот на пилотот пишува лондонскиот весник "Дејли телеграф.

Тој додаде дека идејата за киднапирање на малезискиот авион била на Шеикот Мухамед кој американците го сметаа за главен иницијатор  на нападот кој се случи на 11 септември врз кулите-близначки во Светскиот трговски центар во Њујорк.

 

17.03.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега