Севастопољ побара припојување кон Русија

 

Градскиот совет на Севастопољ денеска на вонредна седница едногласно донесе одлука за членство во состав на Русија во својство на град со специјален статус.

Советот едногласно го овласти претседателот на Координацискиот совет на градот да го потпише соодветниот договор со Русија.

За време на разгледувањето на нацрт-резолуцијата пратениците внесоа само една исправка, формулацијата „Град Севастопољ“ е променета во „Град херој Севастопољ“.

17.03.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега