ФОТО: Масовна поддршка за Иванов во Кичево и Струга
Претседателот Иванов вчера ги посети општините Кичево и Струга и оствари средби со жителите од околните села.
Во Пласница попладнево претседателот Иванов беше пречекан од 80 годишниот Расим Со насмевка на лицето Расим го поздрави Иванов, додавајќи дека е првиот македонски претседател кој ја посетил Пласница.
Жителите на Пласница, кои во најголем дел се од турска етничка припадност, изразија поддршка за досегашни активности на Претседателот , како и за неговата еднаква посветноста на сите етнички заедници во Република Македонија.
Во рамки на посетата на општина Кичево, Иванов ги посети и жителите на село Другово, а посетата на Кичево македонскиот претседател ја започна со средба со група стопанственици.
На средбата, претседателот Иванов предложи заеднички настап на бизнисмените, здружување и укрупнување на бизнисот, со цел пробив на пазарот и подобрување на нивната конкурентност.
Претседателот на Регионалната стопанска комора, Игор Соколески изрази задоволство од интересот на македонскиот претседател за активностите на стопанствениците, за неговите редовни средби со бизниз заедниците и помошта во нивно поврзување и организирањето на бизнис форуми.
Кичевските бизнисмени ја поздравија изградбата на автопатот Кичево – Охрид и се согласија дека вложувањата во патната инфраструктура ќе придонесат за дополнителен развој на кичевскиот регион, со тоа што ќе овозможат подобри услови за развој на бизнисот и ќе го направат попривлечен за инвестиции.
Претседателот Иванов во Кичево се сретна со тимот од НР Кина што ги врши подготовките за изградбата на автопатот Кичево - Охрид, инвестиција вредна 375 милиони евра, чија реализација е значајна не само за југозападниот дел од државата, туку за Република Македонија во целост.
Покрај Кичево, Иванов вчера оставри средба и со граѓаните на Струга, при што ги посети селата Мислешево, Враништа, Лабуништа и село Беровец.
На средбата со претседателот Иванов, Стружани се согласија дека потребно е оптимално да се искористат туристичките потенцијали, кои ги нудат убавините на Охридското езеро и и автентичните културни манифестации што традиционално се организираат во Струга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа