Економсит: Путин го „прегази“ Обама

Американците сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин е многу поголем лидер од претседателот на САД Барак Обама, покажува анкетата на британскиот весник „Економист“ и меѓународната аналитичка агенција „ЈуГов“.

Мнозинството анкетирани, околу 78 проценти сметаат дека Путин во целина е поголем политичар од Обама и дури 55 проценти од анкетираните Американци го сметаат својот претседател за „вистински слаб“.

Половина од анкетираните оценуваат дека САД не се должни да се вклучат во случувањата во Украина, а само 24 проценти од испитаниците ги одобруваат акциите на Обама во врска со Украина. Во Анкетата се опфатени околу 1.000 Американци. 

17.03.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега