ДПА ги состави пратеничките листи за изборите - ова се носителите

 

Демократската партија на Албанците (ДПА) синоќа во Тетово одржа конвенција на која беа претставени претседателскиот кандидат Илјаз Халими и листите за пратенци во 6 изборни единици.

Носител на листата на ДПА во првата Изборна единица е Беким Фазлиу, Орхан Ибраими во втората, Хабиб Максути во третата, Зија Јонузи во петтата и претседателот на партијата Мендух Тачи е носител на листата во шестата изборна единица, како и двајцата кандидати од дијаспората Шпенд Саити за Европа и Ферки Бектеши од Америка.

Тачи им порача на своите симпатизери дека ДПА ќе ги реализира своите цели, а тоа се дводомен парламент, официјална употреба на албанскиот јазик, пропорционална застапеност и правична распределба на буџетот. 

Тој ја побара подршката од присутните во салата и за претседателските и за предвремените парламентарни избори.

- Гласајте за нас бидејќи го заслужуваме мандатот и исполнете ми го сонот Илјаз Халими да добие 300 илјади гласови. Состојбата е тешка и затоа ни треба вашиот максимален ангажман ДПА да биде дел од Владата и за 18 месеци да се реши проблемот со евроатлантските интеграции, изјави Тачи.

Тој се осврна и на своите политички конкуренти од ДУИ

17.03.2014 - 08:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега