25 држави трагаат по исчезнатиот „Боинг“

Вкупно 25 држави се ангажирани во потрагата по исчезнатиот малезиски „Боинг 777“ на државната авио - компанија „Малезија Ерлајнс“

Малезија испратила молба за соработка и до Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Туркменистан, Пакистан, Бангладеш, Индија, Кина, Мијанмар, Лаос, Виетнам, Тајланд, Индонезија, Австралија и Франција.

Малезискиот министер за транспорт, Хишамудин бин Тун Хусеин истакнал дека посебно побарале помош од САД, Кина и Франција да достават сателитски снимки.

16.03.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега