Си купувале се што им треба но не потрошиле ни денар - еве како

Полицијата вчера се пуштила во потрага по лице кое пуштило во оптек фалсификувана банкнота од 500 денари и преземените мерки, биле уловени 20 годишниот Х.В. и 19 годишниот Н.В., двајцата од Свети Николе. 

Кај Х.В. биле пронајдени четири фалсификувани банкноти од 500 денари и осум фалсификувани банкноти од 100 денари. Бил претресен и неговиот дом, каде биле пронајдени уште две лажни банкноти од 500 денари, една  од 100 денари, принтер со скенер и копир во кој стоела оргиналната банкнота од 100 денари.

 Х.В. и Н.В.  ќе заработат соодветни пријави.

16.03.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега