Загина 70 годишен старец во Радовиш: Сакал да скокне од трактор

70 годишен старец загинал откако го прегазил тракторот кој го управувал. Како што дознава Press24 од полициски извори, нсреќата се случила попладнево околу 14:30 часот во атарот на селото Лубница, Радовиш. Тој управувал трактор со приколка натоварена со песок. Во еден момент сакал да скокне од тракторот но загубил контрола по што го зафатиле предните тркала и го прегазиле. 70 годишниот Трајан А. починал на лице место. Од МВР и официјално го потврдуваат несреќниот случај и најавуваат увид.

15.03.2014 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега