Полицијата упадна во кафана кај Гостивар: Пронајдени пет девојки од странство

 

Полицијата вчера уапдна во угостителски објект во Гостивар каде биле пронајдени пет девојки од странство кои го злоупотребиле туристичкиот престој.

Како што соопшти МВР, станува збор за три Албанки, една Бугарка и една Косовка.

-Синоќа во периодот од 02.50 до 04.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате спровеле акциска контрола во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Гостивар во атар на с.Зубовце, гостиварско, каде одговорно лице бил Р.Б.(50) од Гостивар. При контролата биле затекнати и приведени пет странски државјанки (три од Република Албанија една од Република Бугарија и една од Република Косово), кои го злоупотребиле туристички престој и престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, велат од МВР.

 

09.01.2025 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега