Од крадец до милионер - скопјанец остана без 1,7 милиони денари
Од куќата на скопјанецот Б.Р., лоцирана на улицата Пелинце, во скопската населба Даме Груев, се украдени 1,7 милиони денари, информираат од МВР.
Засега непознат крадец провалил во куќата на скопјанецот, ги пребарал собите и успеал да украде 1.300 евра, 45.000 денари и златен накит. Според МВР, крадецот го оштетил Б.Р. за 1,7 милиони денари.