Пронајдени мртви двете малолетни момчиња по кои трагаше цела Холандија
Две момчиња, на седум и девеггодишна возраст, беа најдени мртви во Холандија по двонеделното интензивно трагање.
Во потрагата се вклучија стотици доброволци и армијата со неколку воени ловци Ф-16 и хеликоптери.
Телата на малите Рубен и Јулијан беа најдени во тунел на околу 10 километри од местото каде пред две недели, во автомобил, беше откриен трупот на нивниот татко, 38-годишниот Јерон Денис, кој се самоубил.
Засега не се познати причините за смртта на момчињата.