Eлектронска фактура меѓу аптеките и ФЗОМ
Со цел да се избегнат нервозите и грешките од минатото кои беа товар на аптекикте, од Фондот за здравствно осигурување на Македонија, воведоа електронска фактура, односно електронско поврзување на Фондот со нив.
Ова денеска го посочи првиот човек на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова.
Таа објасни дека овој проект произлегол од аптеките и додаде оти го воведуваат и кај сите здравствени установи со кои Фондот има договор.
- Порано аптеките ни ја доставуваа фактурата, а ние, со нашите системски проверки констатиравме голем број грешки коа автоматски беа отстранувани и не беа плаќани од Фондот. За тоа да не биде на штета на аптеките, Фондот воведе електронска фактура која аптеките во текот на месецот си ја потполнуваат постоајно на нашиот веб портал. И веднаш, при првото нотирање на грешката, можат да ја отстранат, рече Парнарџиева-Змејкова.
Аптеките во рок од петнаесет дена, по внесувањето на податоците за искористеност на рецептите добиваат аларм што е погрешно, го надминуваат и кога ќе се достави електронската фактура таа целосно ќе биде точна.
- Конечно ги елиминираме тие пропусти кои беа на товар на аптеките заради некои други пропусти, кај матичен лекар за издавање лек, кај осигуреникот кој во тој момент немал здравствено осигурување или други грешки..., рече Парнарџиева-Змејкова. Таа потенцира дека досега повеќе од 20-тина крупни промени се случиле меѓу ФЗОМ и аптеките, на нивно барање, а за олеснето работење, за подобра снабденост на лекови и за поголемо задоволство на осигурениците од вршење на оваа услуга.
Претседателот на Фармацевтската комора на Македонија Бистра Ангеловска изрази задоволство од соработката со Фондот и од разбирањето на проблемите на фармацевтската фела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа