Албанец и ја украл чантата полна со злато на гостиварчанка

 

Полициската станица во Гостивар поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.Ј. албански државјанин поради извршена тешка кражба.

Според податоците од полицијата, А.Ј. месецов на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ пред влезот за дијализа во Медицински центар Гостивар, насилно и ја одзел ташната со златен накит вреден 600.000 денари на 55-годишната В.С.

Полицијата при проверките за разбојникот открила дека тој нелегално престојувал во Гостивар.

14.03.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега