Нови докази- исчезнатиот авион бил намерно пренасочен
Според последните податоци од воениот радар авионот „Боинг 777“ на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна пред една недела, намерно бил пренасочен преку Малајскиот Полуостров во правец на индиските Андамански Острови.
Неименувани извори на истрагата изјавија дека „некој кој знаел да управува со авион“, намерно го пренасочил леталото со 239 патници и членови на екипажот, кое се движело од Куала Лумпур за Пекинг.
- Ние ја разгледуваме можноста од саботажа, а не ја исклучуваме ниту можноста од киднапирање, истакна висок претставник на малезиската полиција.
Поради новите докази потрагата е проширена на Андаманско Море и Индискиот Океан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа