Докторите и изјавија љубов на Кристина Ковач

Судејќи по досегашните случувања познато е дека суперфиналистите Лукијан, Тамара, Даниел, Маид и Доктори многу ги почитуваат своите ментори и им се благодарни за тоа што тие го прават за нив, а Кристина откри како нејзините натпреварувачи на симпатичен начин и изјавиле љубов.

Таа на својот Фејсбук профил ја опишала целата ситуација:

Напорен работен ден со моите момчиња, две проби, малку разговор, ете зошто момчињата се жалат дека никогаш не стигаме да се забавуваме а и потполно се во право, постојано имаме работа која треба да ја завршиме до одреден рок за да не ни стои над глава, постојано брзаме и брзаме, па поради тоа вечерва разговаравме и се договоривме за утрешната проба, после разговорот се поздравивме јас тргнав накај дома ја отворив вратата и одеднаш слушнав како некој автомобил се враќа наназад и почна да ми свири и замислете тоа беа моите Доктори кои едногласно почнаа да извикуваат Кристина ние те сакаме.

 

 

14.03.2014 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа