Најмалку 18 лица повредени во земјотресот кој вчера ја погоди Јапонија
Метеоролошката служба извести дека нема опасност од цунами, но граѓаните се подготвени на се.
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран крај брегот на Јужна Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт.
Најмалку 18 лица се повредени во земјотресот кој во раните утрински часови ја погоди Јапонија.
Силниот потрес е регистриран во петок, во 02.06 часот наутро во близина на Кјошу, еден од четирите главни острови во архипелагот, и северно од градот Кунисаки.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 83 километри под морското дно, со епицентар на 50 километри североисточно од градот Ојта.
Земјотреси со таква јачина можат да предивикаат сериозни штети, забележа Геолошкиот институт на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа