Изградбата на делницата Велес-Скопје ќе стартува летово

 

Mинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска при посетата на реконструкцијата на мостот кај Велес, изјави дека градежните работи за обнова на делницата Велес-Скопје ќе почнат кон средината на годинава.

- За реконструкција на делницата Велес-Скопје во финална фаза е изборот на градежна компанија и надзор. Очекуваме кон средината на оваа година да почнат градежните активности, изјави минситерот одговарајќи на новинарски прашања.

За потсетување, се планира обнова на 23,5 километри од автопатската делница Велес-Катланово, а проценетата вредност на градежните работи е околу 8 милиони евра.

14.03.2014 - 11:05
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега