Шабан Шаулиќ преживеал хорор: Дрогирани момчиња го избоделе со нож

 

Приказната на Шабан Шаулиќ за инцидент кој му се случил за време на негов настап докажува дека во животот на пејачите и не е се така совршено како што изгледа. 

Пејачот си ја отвара душата и раскажува дека пред петнаесет години во Виена го изболе неколку момчиња со нож. 

- Неколку пати го пропатував светот. Доживеав и убави и лоши работи. Сешто се случува во оваа моја работа…Најлошо беше, кога пред петнаесет години, во темниот премин во Виена ме нападнаа дрогирани момчиња кој  ме бодеа со нож и ме тепаа со метален боксирач. Беше страшно. И гледав на смртта во очите. Таков целиот крвав од бодењето со нож, се качив, и ден денес паметам низ 73 скали, ја повикав пријателката која за среќа веднаш се јави и повика итна помош“, раскажал Шаулиќ за еден српски магазин.

Шаулиќ додава дека се спасил за влакно бидејќ во болницата каде го шиеле му соопштиле дека доколку дошол и половина час покасно, веќе ќе бил мртов. 

14.03.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега