Принцезата Дијана издавала тајни на кралското семејство
За да му се одмазди на својот сопруг, принцот Чарлс наводно принцезата Дијана ги издавала тајните на кралското семејство на редакцијата на сега згаснатиот неделник „Њус оф д Ворлд“тврди пораншениот новинар-уредник на овој лондонски весник.
Новинарот Клајв Гудман, кој е еден од седумтемина обвинети за прислушување на мобилните телефони чие судење трае безмалку пет месеци, на сослушувањето откри дека во 1992 година од покојната принцеза добил интерен именик со телефонските броеви на луѓето од кралското домаќинство.
Тој вели дека ваквиот потег треба да се гледа како обид на Дијана да му „прави сцени“ на сопругот, кој во тоа време веќе беше одалечен од неа, но и за да си обезбеди „сојузник“ со кого ќе може да контактира меѓу новинарите во лондонските весници.
- Таа сакаше на јавноста да и ги покаже сите оние кои беа настроени против неа во тогашната, за неа тешко поднослива положба со принцот Чарлс, рече Гудман на сослушувањето.
Гудман објасни дека принцезата минувала низ мошне тежок период, па откако се јавила да провери дали телефонскиот именик стигнал до него, му објаснила дека со тоа сака да му покаже кои се луѓето околу нејзиниот сопруг, а кои се оние кои и се наклонети.
На сегашното судење, Гудман меѓутоа ,тврди дека телефонскиот именик добиен од принцезата Дијана, не го користел при прислушувањата. Тој го отфрла и обвинувањето дека еден друг именик за внатрешните телефони во кралската куќа, што му го обезбедил еден од слугите на Чарлс, го добил за пари.
За потсетување Дијана се раздели од својот сопруг во 1992 година по 11 години поминати во брак. Веднаш потоа, на овој новинар таа по пошта му го испратила именикот со телефоните на сите членови на кританската кралска куќа, претворајќи се од тој момент во значаен извор на доверливи информации за „Њуз оф д Ворлд“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа