Џеј "удри" по Адил: Рани куче да те лае!

Српскиот пејач Џеј по навредите кои неговиот зет Адил ги упати кон него, за српскиот Курир си ја отвори душата и раскажа што се случило.

- Рани куче да те лае! Мене, човек од 50 години, Адил кого го гледав како син ми вели дека сум виновен што ќерками доби ќотек од него? Не сакам дуел со него, не сакам да го видам! Се обиде да ми се приближи преку заеднички пријатели, но не сакам повеќе контакт со него. Намерно сака да ме испровоцира за да ми се приближи, вели Џеј.

Инаку, Адил на Фејсбук објави писмо во кое изјави дека Џеј е виновен и му ја наместил целата афера и дека е наркоман и алкохоличар.

14.03.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа