Oткриен редок случај на пренесување на ХИВ вирусот од жена на жена
Американските здравствени власти соопштија за мошне редок случај на пренесување на ХИВ вирусот при полов однос меѓу две жени.
Eкспертите на Федералните центри за контрола и превенција на заболувањата изјавија дека досега било тешко да се потврди пренесувањето на ХИВ при полов однос меѓу жени, бидејќи имало и други ризични фактори, како паралелна хетеросексуална врска или делење на прибор за дрогирање.
Во случајот со набљудуваните жени едната од нив се заразила со вирусот во 2008 година, шест месец по почетокот на сексуална врска со серпозитивна партнерка. Во тој случај немало никаков друг ризичен фактор.
На почетокот на врската, жената која има 46 години, направила тест за ХИВ и тој бил негативен. Таа тврди дека во меѓувреме немала други партнерки, а хетеросексуални односи немала во изминатите десет години.
Жената и нејзината партерка имале орален секс и користеле сексуални играчки, кои не ги делеле со други лица.
Според експертите и покрај тоа што пренесувањето на ХИВ меѓу две жени е реткост, тоа не е невозможно, бидејќи вирусот може да се наоѓа во вагиналната течност или во менструалната крв
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа