Силен земјотрес го стресе брегот на јужна Јапонија
Силен земјотрес го погоди брегот на јужна Јапонијa. Земјотресот бил регистиран со јачина од 6, 3 степени според Рихтер.
Потресот бил регистриран во петок, во 02.06 часот наутро, во близина на Кјошу, еден од четирите главни острови во архипелагот.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 83 километри под морското дно, со епицентар на 50 километри североисточно од градот Ојта.
За сега нема информации дали има жртви.
13.03.2014 - 20:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа