СДСМ ја достави кандидатурата за Пендаровски
Социјалдемократите денеска до ДИК и официјално ја доставија кандидатурата за нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.
„Огромна чест и задоволство имам да соопштам дека денеска ја предадовме кандидатурата за Претседател на Република Македонија од Социјалдемократскиот сојуз и од коалиционите партнери за проф. д-р Стево Пендаровски, идниот Претседател на Република Македонија.
На овој начин, денеска, започнува една нова епоха на победи за Социјалдемократскиот сојуз и на победи за граѓаните на Република Македонија.
Нудиме претседател на сите граѓани на Република Македонија, претседател со авторитет, претседател којшто има визија за Република Македонија и за граѓаните“ - изјави шефот на изборниот штаб на СДСМ и генерален секретар на партијата, Оливер Спасовски
Пендаровски им се заблагодари на пратениците на СДСМ за поддршката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа