Бомбаш убил возач на автобус полн со патници
Возачот на автобус кој возел на линија 13 убиен е денес во 10 часот и 45 минути на 50 метри од училиштето во населбата Лазарево во Бања Лука.
Инцидентот се случил кога во автобусот била фрлена бомба додека патниците се качувале во автобусот.
Според очевидците кога возачот ги отворил вратите од автобусот напаѓачот влегол во автобусот, застанал до возачот и фрлил бомба. За време на нападот во автобусот имало 30 патници но за среќа никој од нив не е повреден.
“Автобусот застана на станицата дојде младо момче облечено во црно и фрли бомба во автобусот и настана хаос” вели еден од патниците.
Веднаш по убиството напаѓачот побегнал во правец на трговскиот центар “Темпо”.
Полицијата се уште работи на случајот за пронаоѓање на напаѓачот и причината за нападот врз автобусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа