Гледање на кафе: Еве што значат знаците во чашата

Таинствените шари кои се создаваат во талогот на испиеното кафе на дното на на шољата им дале повод на “видовитите” луѓе односно жени од тие шари и знаци да ја “читаат” судбината на оној кој што го испил кафето.Во што се состои оваа вештина? Дали воопшто се работи за некоја видовитост или таинственост?

Толкување на знаците во шољата

A – среќен почеток на некоја работа

Ангел – среќна средба во куќата

Баба – жалост во куќата

Бик – жени: нестрпливо удварање, човек: караница со пријателот

Броеви – играј на тие броеви во лотаријата

Букет цвеќе – трајна љубов

Вага – во долниот дел: караници во куќата; во горниот дел: успех

Верверица – за брзо време среќно случување, среќа

Вода – млаз на дното на шољата: големи пари во куќата

Г – радост

Гавран – лоши вести

Гулаб – писмо со пријатни вести, среќа во коцка

Дете – крштевање, кумство

Дрва – имаш добри пријатели, желбата ќе ти се исполни

Ѓавол – добивка на коцка

Жаба – сплетки околу куќата

Жена – во горниот дел од шољата: среќа ; во делниот дел: љубомора ; гола жена: срамење

Знаме – среќа, успех

Звезда – среќа

Змија – непријателство

Јаболко – гласови на љубовта

Елен – ќе се најдеш во друштво на човек со висока позиција

Клуч – успех на започната работа

Куфер – ќе добиеш писмо

Крст – црн на белата површина: среќа; бел на црната површина: несреќа, смрт

Ланец – затвор, ропство

Лисица – подмолност, неискреност

Лист од детелина – среќа

Листови од дрво – солзи

Меч – некој ќе ти укаже чест

Мачка – караница во куќата, несогласување со пријателите

Месечина – млада месечина: ќе се омажиш од љубов; полна месечина: добар брак

Мост – ќе остраниш непријатност, ќе преминеш преку препреката

Нога – Малку патување

Облаци – се ќе ти биде ведро; ситни облаци: озборување – ретки : пари

Паун – мил гостин во куќата

Писмо – пријатен глас

Прозорец – љубопитен сосед

Птици – пријателство, добри вести

Пат – патување

Риба – грижа

Ружа – Добро здравје и среќа

Светец – благосостојба во куќата

Свештено лице – напредок, успех

Слон – голема добивка

Букви во талогот – ќе дојдеш во врска со личност чие што име почнува со таа буква

Сонце – успех на запонатата работа, општа сигурност

Х -  затвор

Црв – презир , караница

Чамец – ќе останеш вдовица, вдовец

Чекан – грижа

Чешма – добро здравје

Шешир – се ќе ти оди од рака

Извор: Дума

13.03.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега